More

    Ричард Гренел откри што се случувало пред три години

    spot_img

    Поранешниот американски специјален пратеник за дијалогот меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел изјави дека во 2020 година се разговарало за повлекување на силите на НАТО од Косово. Тоа бил планот на претседателот Доналд Трамп при крајот на неговиот тогашен мандат.

    – Доналд Трамп и неговиот тим направија големи и иновативни потези за да ги зближат Косово и Србија. Имавме економски договор што двете страни го туркаа напред – рече Гренел во разговор за „RealAmerica’sVoice“.

     

     

    – Морам да бидам искрен, бидејќи постигнавме голем напредок во 2020 година, разговаравме за потенцијалната идеја за отстранување на силите на НАТО од Косово. Време беше, тие немаа што да прават. Двете страни се договорија за економски развој, ги отворија границите, беше договорена авиолинијата Приштина-Белград, Луфтханза рече дека ќе го обезбеди тој лет, многу напредувавме, но потоа дојде тимот на Бајден и реши да ја смени американската политика на Балканот – рече Гренел.

    Како што наведе, сега политиката на САД е Европејците да се главни.

    – Значи, во последните три години Европејците беа на чело и она што го гледаме е хаос, насилство, конфликти и гледаме зголемување на присуството на војници во Косово. Ова се фактите – рече Гренел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img