Рибар изеден од пирани, му остана само прамен коса и кожа на рацете

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мажот кој исчезна на почетокот на оваа година е пронајден мртов, а неговите останки се пронајдени покрај брегот на реката Амазон.

Даир Раш (46) исчезна откако превезувал говеда со брод во бразилската држава Коста Маркес Рондија за новогодишната ноќ. Како што се испоставило, смртоносното јато од пирани го нападнало рибарот, а неговите останки биле пронајдени покрај брегот.

Единственото нешто што наводно му останало недопрено е прамен коса и кожа на рацете, додека му биле изедени органите и месото.

Инспекторите во моментов работат на овој случај, но според првите информации се работи за пирани, бидејќи каснувањата на телото на рибарот се совпаѓаат со каснувањата на оваа риба.

Во септември минатата година, еден човек почина откако падна во реката Амазон и беше жив изеден од пираните.

Исто така, во 2021 година, 13-годишно девојче го загуби прстот на ногата откако беше нападнато од јато од пирани во аргентинска река.

Share This Article