Режисерот Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела Пик станаа родители по вторпат, откако Пик роди ќерка во саботата на 2 јули.
„Даниела и Квентин Тарантино со задоволство објавуваат дека Даниела го роди нивното девојче на 2 јули 2022 година“, се вели во соопштението.
За бременоста на неговата сопруга се дозна дури во февруари, а двојката веќе има син, кој се роди во 2020 година.
Кога Пик првпат се породи во февруари 2020 година, Тарантино не знаеше какво име ќе му даде на својот син, а одлучил да го вика Лео.
„Луѓето би претпоставиле дека сум го именувал по Леонардо Дикаприо. Нема ништо лошо во тоа, но не сум.
Тој призна дека ужива да биде родител.