More

    Револтирани Бугари чекаат за влез на Деве Баир

    spot_img

    Бугарски државјани кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гробот на великанот Гоце Делчев, засега не можат да влезат во државата.

    Им било кажано дека е паднат системот на граничниот премин Деве Баир.

    Револтирани, Бугарите имаа во план да ја придружуваат својата владина делегација која официјално најави дека денеска ќе дојде предводена од министерот за внатрешни работи Иван Демирџиев. Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев денеска на одбележувањерто во црквата „Свети Спас“ се и министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и заменик-министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов.

    – Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа – изјави Демерџиев, јави БТА.

    Станува збор за околу 150 бугарски државјани.

    На границата е тензично, и како што може да се види од видеото, тие со висок тон и со навреди се расправаат со македонската гранична полиција.

    – Си го продадовте името на Грција за 5 стотинки – им рече еден од нив на македонските полицајци.

    Бугарските граѓани тврдат дека се пропуштаат патници од другата страна на границата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img