Се зголемува бројот на земји кои неправилно трошат парите од еврпските фондови, објави Финансискиот надзорен одбор на ЕУ.
Истрагите за 196 милијарди евра исплатени средства од буџетот на ЕУ во 2022 година откриле дека имало неправилности поврзани со 4,2%, што е повеќе од 3% во однос на претходната година, се наведува во извештајот на Европскиот суд на ревизори (ЕЦА).
Земјите можат да бараат исплати според претходниот буџетски циклус до крајот на оваа година, додека парите од фондот за закрепнување по пандемијата мора да се потрошат до 2026 година.
– Администрациите во земјите-членки ќе бидат под многу поголем притисок да ги трошат парите брзо. Проблемот овојпат е во тоа што има многу повеќе пари што треба да се потрошат во краток временски период – рече претседателот на ЕЦА, Тони Марфи за Политико.
Марфи истакна дека ова „го зголемува ризикот од грешки, или неоптимални проекти, или во најлош случај, значи и измама“.
Ревизорите од ЕУ исто така, откриле проблеми во 11 од 13 грантови за закрепнување по пандемијата исплатени во 2022 година, во износ од 47 милијарди евра.
Грешките забележани во редовните програми на ЕУ варирале од барања за неприфатливи трошоци до лошо усогласување со ЕУ и националните правила за набавки и државна помош, како и 14 случаи во кои постои сомнеж за измама.