Русија денеска протера тројца шведски дипломати, како одговор на сличните чекори на Шведска, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Шведскиот амбасадор беше информиран дека Русија одлучи да прогласи за нон грата тројца дипломати од шведската амбасада во Москва“, се вели во соопштението.
Во исто време, руското Министерство протестираше против протерувањето на тројца руски дипломати од Стокхолм и давање воена помош за Украина.