Пилешкото во сос од кари оди добро со оризот.
Состојки:
– 500 гр пилешко бело месо
– 2 зелени пиперки
– 1 црвена пиперка
– 200 мл крем за готвење
– 1 полна лажичка кари
– 2 лажици маслиново масло
– сол, бибер
– сув билен зачин
Подготовка:
Пилешкото исечкајте го на коцки, а пиперките на стапчиња. Месото динстајте го без масло додека не ја впие целата течност.
Додадете маслиново масло и пропржете го пилешкото, а потоа додадете ги пиперките.
Варете сè заедно околу пет минути.
Истурете го кремот за готвење и сè добро измешајте.
Потоа додадете кари, сол, бибер и суви билки. Варете уште 10 минути за да се згусне сосот.
Послужете со ориз.
Добар апетит!