Ретко е да си редок, „мали“ Бујар!

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Додека политичарите и одредени јавни фаци мавтаа со рачињата обоени во разни бои и трошеа пари на некакви си проекти „за поддршка на лицата со ретки болести“, од друга страна имаме прерано починати млади лица. И така додека политичарите го залажуваат народот со обоени рачиња, всушност под тепих се фрлаа наталожените проблеми поврзани со набавката на лекови за лицата заболени од ретка болест!
Секако, вината ѝ ја препишуваме на власта, но ништо помалку не се виновни и перјаниците на Здруженијата за ретки болести кои наместо да бараат поддршка со обоена рака, попаметно ќе беше јавно да седнеа и на маса да ги изнесеа сите проблеми со кои се соочуваат, притоа поддржани од нас – медиумската фела…
Ретко е да си редок како „малиот“ Бујар и „големиот“ Таче!
Откако прерано згасна еден живот, денес отровни стрели се пуштени на релација Беким Сали – Димитар Ковачевски! Но, ваквите отровни политички стрели воопшто немаат тежина во стилот: „Кој кого лаже?“, туку напротив повторно се налегнати врз грбот на прерано починатиот, додека тие меѓу себе си испраќаат политички пораки за тоа кој колку го бивало. Јавна тајна е дека Беким Сали е решението со фабричка маана уште од формирање на коалицијата помеѓу СДСМ и Алтернатива. Беким Сали единственото нешто што го спроведе во здравствениот систем беше албанизацијата на Министерството за здравство, но сепак, ќе биде запаметен и како министер во чие време се донесени најнеквалитетните кадровски решенија, како и министер во чие време процвета криминалот во МЗ на РСМ.
Беким Сали според новиот договор помеѓу Алијанса за Албанците и СДСМ треба да замине во историјата, но дали во овој момент кога почина еден млад човек, СДСМ ја има приликата да ја отстрани Алтернатива, како и Беким Сали („мали“ Бујар)? Нејасно е зошто премиерот Димитар Ковачевски не побара истрага од Јавното Обвинителство за пропустите во работењето на Беким Сали околу набавката на лекови за лицата со ретки болести.
Сепак, која институција и да била виновна, не може да се оправда со бирократија, тоа е криминал и кривично дело за кое некој или некои треба да завршат во затвор…

Сашо Денесовски-Лично

Share This Article