Во Јапонија постои ресторан во кој клиентите со задоволство добиваат лоша услуга. Бараш кнедли, а добиваш мисо супа. Упс. Нарачувате риба на скара, а добивате суши.
Што? Вообичаена работа за келнерите и келнерките е да ги мешаат работите, да донесат погрешен оброк, погрешно да разберат што бара клиентот или да ја испијат чашата вода што треба да ја достават на некоја маса. Значи, можете да ожедните малку чекајќи ја својата вода. Но, токму поради ваквите работи ги вработуваат овие работници, а не ги отпуштаат.
Дали е ова некој уметнички перформанс? Не, тоа е главно нешто што се случува во Кјото, а овие келнери и келнерки имаат деменција. Тоа не е маана. Тоа е карактеристика. Тоа е примарна квалификација за работата.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.