Ресенчанец со комбе сакал да прегази комунални инспектори и полицајци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Прилепската полиција уапси 53-годишен ресенчанец која денеска нешто после пладне во центарот на Прилеп, пред градскиот пазар, со своето возило комби „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства.

За да го запре полицијата пукала со пиштол во гумите на возилото. Тоа беше шок за жителите кои се најдоа во центарот на Прилеп кај градскиот пазар и беа непосредни сведоци на настанот.

„Според пријавеното, во Градскиот пазар Прилеп, додека продавал производи со возилото, тој бил отстранет од инспекцијата. Н.К. е приведен во полициска станица, а известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Увид ќе се врши, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението од СВР Битола.

Share This Article