Републиканците го освоија Претставничкиот дом со тесно мнозинство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе имаат тесно мнозинство од 220 спрема 215, откако демократите освоија едно место во Калифорнија, според податоци на Едисон рисрч.

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, и неговите републиканци ќе ги контролираат Белата куќа и двата дома на Конгресот, почнувајќи од следниот месец, по победата на изборите во ноември на кои демократите ги загубија Белата куќа и Сенатот.

Демократот Адам Греј освои пратеничко место во калифорнискиот 13-ти конгресен округ во последната трка за Претставничкиот дом на изборите на 5 ноември, според Едисон рисрч.

Републиканците оваа недела ги изложија плановите за спроведување на агендата на Трамп веднаш штом тој ќе ја преземе функцијата.

За време на кампањата Трамп најави воведување нови царини, масовни депортации на илегални имигранти, дерегулација на енергетскиот сектор и продолжување на даночните намалувања што ги спроведе во неговиот прв мандат, а кои истекуваа следната година.

Share This Article