Репрезентацијата на Сенегал го победи Еквадор попладнево во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство во Катар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Репрезентацијата на Сенегал го победи Еквадор попладнево во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство во Катар. Африканската селекција славеше со 2:1.

Сенегал го отвори резултатот на крајот од првото полувреме, кога напаѓачот Исмаила Сар реализираше пенал. Во вториот дел Еквадорците го израмнија резултатот по прецизен удар на играчот од средниот ред Мојсес Каиседо. Сепак, по неколку минути, капитенот на Сенегал, Калиду Кулибали повторно го доведе својот тим водство.

Паралелно, во групата А, Холандија го совлада Катар со 2:0.

Холандија со 7 и Сенегал со 6 бода ги освоија првите две места и обезбедија осминафинале. Двете репрезентации ќе вкрстат со првопласираните две селекции од Б-групата која својот расплет ќе го има вечер по натпреварите САД – Иран и Велс – Англија.

Share This Article