Репрезентацијата на Франција е третиот учесник во четвртфиналната фаза на Светското фудбалско првенство 2022. „Триколорите” попладнево во Доха во осминафиналето ја победија Полска со 3:1.
Стрелци на головите за Франција беа Оливие Жиру во 44. минута и Килијан Мбапе во 75. минута и во 90+1 минута. Роберт Левандовски во 90+9. минута ги постави конечните 3:1.
Од 20 часот вечерва во Ал Хор во осминафиналето ќе се соочат Англија и Сенегал.
Победникот од овој дуел ќе биде противник на Франција во четвртфиналниот натпреварот закажан за 10 декември.
Французите ја бранат шампионската титула освоена пред четири години на СП во Русија.