Рено ја враќа легендарната „четворка“

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најлегендарниот модел на Renault се враќа со стил.Како што веќе беше најавено, Рено по „петката“ реши да ја оживее иконската „четворка“. Иако многумина ја гледаа првата генерација на Kangoo како враќање на Renault 4, вистинската реинкарнација на моделот ќе се случи дури сега.

Поточно, тоа ќе се случи на 17 октомври, кога Renault на 89-тиот салон за автомобили во Париз ќе го претстави концептниот модел базиран на оригиналниот R4. Во Renault засега се таинствени, па само откриваат како тимот дизајнери собран под водство на Жил Видал, потпретседател на одделот за дизајн на Renault, го смислил концептниот автомобил.

Се одбележува и 25-годишнината од хуманитарниот митинг 4L Trophy, па велат дека ќе им се допадне и на помладите генерации.

Објавените скици ја откриваат препознатливата силуета на „четворката“ со осветлено задно странично стакло. За разлика од оригиналот, автомобилот сега доаѓа со огромни теренски гуми и носачи на покривот. Судејќи по ова, веројатно се работи за концепт за авантури надвор од патот.

Новиот Renault 5 ќе се појави на пазарот во 2025 година, додека кросовер-ориентираниот R4 најверојатно ќе пристигне после тоа. И додека оригиналот може да се пофали со скромни димензии и слаб, но неуништлив бензински мотор, новиот модел би можел да биде многу покомплексен и помоден автомобил. Многумина очекуваат автомобил со големина на Duster со електричен погон и релативно висока цена. И тие веројатно не се далеку од тоа

Share This Article