More

    Ремонтот виси во воздух, отштетата за Северен Тек ќе чини 17 милијарди

    spot_img

    Најмалку шест месеци би траела поправката на пукнатите гасоводи Северен тек 1 и 2, а според Павел Завални, претседателот на Комисијата за енергетика во руската Дума, постојат два начини како тоа  да се направи пред цевките да ‘рѓосаат. Првиот е да се изградат подводни комори кои ќе се наполнат со воздух и од каде ќе се врши ремонтот. Другиот, само навидум полесен, е со кранови кои можат да кренат три илјади тони да се кренат цевките на површината на морето па потоа да се поправаат, пишува руската агенција Тасс.

    –  Кога се градеше гасоводот беше предвидено дека ќе може да се подигнат цевките на површината на морето. За оваа операција потребни се соодветни бродови – вели Завални.

    Русија има свои бродови со кои може да ги поправа гасоводите. „Фортуна“ ги поставуваше цевките на гасоводот „Северен поток 2“, па може и да учествува во поправката. Но, прашање е дали Данска ќе им дозволи на руските експерти да го прегледаат оштетениот гасовод и да дадат своја проценка.

    Според бројни руски експерти, пак, поправањето на гасоводот веќе не е можно.

    Претставничката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова, вчера изјави дека пренасочувањето на руските гасоводи на Балтикот се случило во зона целосно контролирана од американските разузнавачки служби  и дека Русија ќе бара 17 милијарди евра во компензација.

    Изградбата на „Северен тек 2“ чинеше 9,5 милијарди евра, а „Северен тек“ 17,5 милијарди евра. Двата гасоводи имаа годишен капацитет од 55 милијарди кубни метри.

    За споредба, новиот гасовод „Балтик Пајп“ кој ги спојува Норвешка и Полска има капацитет од само 10 милијарди. Тоа значи дека Европа зимава ќе мора да се потпира на украинскиот гасовод кој уште носи руски гас, или пак да ја замоли Полска да го реактивира гасоводот Јамал-Европа, кој бил активен во советското време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img