Британската јавност е шокирана од победата на Мила Рељиќ над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс во првата борба на турнирот на Олимписките игри во Париз.
Според информациите од Островот Џонс имаше цел да стане најдобрата спортистка во таеквондо со три олимписки медали, но сонот и го сруши младата Македонка.
Сепак сега Рељиќ доби милионска поддршка од Британија, бидејќи доколку Мила успее да се пласира во финалето во категоријата до 57 килограми, тогаш Џонс преку репасажот ќе може да повторно да настапи и да се бори за бронзениот медал.
Се огласи и поранешната светска шампионка Бјанка Кук.
– Знам колку Џејд е уништена во овој момент. Се надевам Милјана Рељиќ ќе оди до финалето и така ќе и даде шанса на Џонс да се бори за бронза преку репасажот. Скршена сум поради неа, заслужува најдобро бидејќи е најдобрата во историјата. Ми се плаче во овој момент – порача Кук.
Инаку Џонс влезе како голема фаворитка, но Рељиќ со одлична борба ја елиминираше со победа од 2:1.
Рељиќ во четвртфиналето ќе ги одмери силите против Либанката Лаетитина Аоун која претходно со 2:0 ја совлада Ло Чиа-линг од Тајпеј.
Според програмата дуелот на Рељиќ – Аоун би требало да биде од 15:45 минути по македонско време, а од МРТВ најавија директно вклучување и следење на борбата.