More

    Рекордни боледувања во Словенија

    spot_img

    Словенија има проблем со работниците на боледување. Лани во Словенија имало рекордни 56.128 вработени на боледување, што е 84,8 отсто повеќе отколку во 2014.

    Со тоа се изгубени преку дваесет милиони календарски денови, а тоа е така бидејќи болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се спореди со други европски држави. Како што пишува 24ур, таков систем во Европа има само Бугарија.

    – Состојбата во последните години е загрижувачка – предупредува Ана Водичар, шефица на одделот за одлучување за правата и медицинските производи во словенечкиот Завод за здравствено осигурување.

    Рекордер во Словенија е човек кој веќе 12 години е на боледување.

    – Нашето законодавство, а само уште Бугарија има таков пример, не познава временско ограничување на боледувањето. Во странските системи привремената неспособност за работа по правило трае една, можеби и три години. Потоа следи, ако некој сè уште е неспособен за работа – траен облик на неспособност.

    Во Словенија тоа го немаме. Ако некој е неспособен за работа и остане на листата на боледувања, тоа не може да му престане само затоа што е на листата веќе неколку години. Имајќи предвид дека сè повеќе луѓе се на боледување, паричната надомест страшно ни расте. Ако во 2014 сме имале околу 225 милиони расходи од здравствената каса, лани сме исплатиле речиси 700 милиони евра. Тоа е енормно зголемување. И затоа е тоа толку загрижувачко – објаснува Водичар.

    Минатата година просечното боледување во Словенија траело 13,4 дена.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img