Рекорден раст на акциите во рударскиот сектор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американските берзи достигнаа нов рекорд. Индексите  Dow Jones и S&P 500 пораснаа, а рударскиот сектор беше најголем добитник бидејќи цените на суровините се зголемија откако Кина воведе нови економски мерки.

Индексот Dow Jones порасна за  0,20%, на 42.208 поени, додека S&P 500 порасна за 0,25%, на 5.732 поени, а индексот Nasdaq 0,56%, на 18.074 поени.

Во пет од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите вчера пораснаа, највисоко во рударскиот сектор, за 1,35% што се толкува како одговор на  растот на цените на суровините предизвикан од очекувањето дека ќе порасне побарувачката на суровини во Кина која донесе нови стимулативни мерки за економијата.

–  Овој пораст на цените најмногу се должи на новите стимулативни мерки во Кина, кои го поттикнаа силниот раст на најважните светски берзански индекси. Истовремено, растот на цените го предводеа рударскиот сектор и компаниите кои се повеќе фокусирани на водење бизнис во Кина – вели Захари Хил, директор во Horizon Investments.

Цените на акциите пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,28%, на 8.282 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,80%, на 18.996 поени, а париски CAC 1,28%, на 7.604 поени.

Share This Article