More

    РЕК ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ФИЛТРИ, ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ Нема доволно јаглен, но грејната сезона ќе биде стабилна

    spot_img

    РЕК Битола сезонава ќе работи со два блока, затоа што третиот не е ремонтиран, информираше денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на најголемиот производствен капацитет на електрична енергија во Македонија.

    „За жал, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола затекнаа тешка состојба. Еден блок од термоелектраните, ТЕ Битола 1, воопшто не бил ремонтиран, а веќе влеговме во грејната сезона. Таа постројка според оперативниот план требало да подложи на ремонтни зафати во март годинава, односно веднаш по завршувањето на претходната грејна сезона, но, тоа не било реализирано. Колку што е можно, во техничко-технолошка смисла, стручните екипи на АД ЕСМ и на РЕК Битола го подготвија овој капацитет да биде на располагање на електроенергетскиот систем во текот на зимата и периодично да се вклучува во мрежата“, рече Божиновска.

    РЕК Битола во моментов работи според енергетскиот биланс за овој период, со два блока.

    „Свесни сме дека станува збор за капацитети стари преку четири децении. Вработените ги знаат сите можни предизвици и ќе направат сè што е во нивна моќ максимално да ги одржат работните процеси во термоелектраната во текот на претстојната зима. Зголемувањето на домашното производство е наш императив и добив уверување дека се преземаат сите потребни чекори за континуирано и доверливо производство на електрична енергија“, рече Божиновска.

    Таа ги посети и рудниците „Суводол“ и „Брод-Гнеотино“, каде, исто така, состојбата во  јагленокопите е лоша.

    „Таму воопшто не се работело според постојните рударски проекти, па јагленокопот „Суводол“ е затекнат без откриен јаглен. Со целосна реорганизација и натчовечки напори на вработените, состојбите полека се консолидираат, но, секако ќе биде потребно одредено време да се дојде до поголеми и поквалитетни количини на јаглен. Во моментов, на депонијата во РЕК Битола има резерви од околу 200.000 тони јаглен. Најголемиот дел се обезбедува од „Суводол“ и „Брод-Гнеотино“. Дел се увезува од Грција, врз основа на постоечки договор од март годинава. Она што е значајно за увозот на јаглен, новото раководство на АД ЕСМ успеа да испреговара намалување на цената на услугата, со што компанијата ќе заштети повеќе од три милиони евра, кои ќе бидат насочени кон инвестиции“, вели министерката за енергетика.

    РЕК Битола, додаде таа, е еден од најголемите приоритети. Една од целите е модернизација на комбинатот и значително подобрување на перформансите за производство.

    „Истовремено, ќе преземеме чекори за намалување на загадувањето преку промена на електростатските филтри“, изјави министерката, соопштија од нејзиниот кабинет

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img