Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57%.
Според одлуката, малопродажните цени на бензинот „еуросупер-98“, на дизелот и масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари за литар, а малопродажната цена на бензинот „еуросупер-95“ не се менува.
Од полноќ цената на бензинот „еуросупер 953 останува 87,50 денари по литар, додека „еуросуперот“ од 98 октани ќе се продава по цена од 89,50 денари по литар. Дизелот поевтинува на 75,50 денари, додека новата пониска цена на маслото за горење е 75,50 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,107 ден/кг и сега ќе изнесува 46,661 денари по килограм.