Регулаторната комисија за енергетика објави дека в понеделник ќе се одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Регулаторната комисија за енергетика објави дека в понеделник ќе се одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

„Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка е во рамки на просечната потрошувачка во државата“, соопштуваат од Регулаторната комисија.

Можеби ќе ве интересира
РАСПИШАН ТЕНДЕРОТ ЗА СТРУЈА НА ЕВН ХОМЕ Која цена ќе понуди…

Плусинфо 02/06/2022
ЕЛЕКТРАНИТЕ ПОТФРЛИЈА И НЕ МОЖЕ ДА ЈА ДИКТИРААТ ЦЕНАТА НА…

Рада Исовска Маневска 02/06/2022
Од таму додаваат дека со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние кои што трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите. Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања од 07 до 22 часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања 22 до 07 и во недела ќе се применува иста цена.

„Првите симулации на плаќање според новиот тарифник велат дека домаќинство што троши по околу 1 000 киловатчасови електрична енергија во скапа тарифа, ќе плаќа околу 40 проценти повисока сметка за струја отколку во моментов. Домаќинствата, пак, што трошат помалку од 500 киловатчасови месечно во висока тарифа, би требало да имаат исти или помали сметки за струја. Конечните гранични вредности меѓу тарифните модели, можат да претрпат измени“, наведуваат од Регулаторна.

Share This Article