Регулаторната комисија донесе одлука за намалување на цената на дизелот која стапува на сила вечерва на полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.
„Од утре,максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 41,029 (денари/килограм)“, се вели во соопштението.