Во 23 часот и 36 минути по локално време во Јапонија регистрирани се два екстремно силни земјотреси.
Првиот со јачина од 6 и вториот со јачина од 7,5 степени по Рихтер.
Издадено е предупредување за можно цунами. Односно се предупредува на бранови високи 1 метар во префектурите Фукушима и Мијаги.
Се бара од граѓаните да се качат на повисоки места за да го избегнат ударот.
Инаку, земјотресот бил на длабочина од 60 км, а по него следеле помали земјотреси.