Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 93 новозаболени со ковид-19, оздравени се 14 пациенти, како последица на коронавирусот не се пријавени починати лица.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 777 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Охрид – 13, Битола, Кавадарци и Штип – по 4, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кочани и Ресен – по 2, Велес, Гостивар, Струмица, Берово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Куманово и Кавадарци – по 3, Битола, Прилеп, Велес и Кичево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Направени се 777 тестови преку: ИЈЗ-118, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–58, Жан Митрев (Филип Втори)-14, Авицена-14, Биотек-51, Систина-18, лабораторија Лаор-9, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-4, Генеа-7, Никоб Лаб-36, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-1, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 337.
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.909 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.252, бројот на оздравени пациенти е 303.410, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 520.