Регистрирани се 87 новозаразени, починаа 3 лица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.

Очекувано, најмногу новозаразени има во Скопје, вкупно 54, следува Охрид со 9, во Битола се детектирани 8, во Прилеп и во Берово  по 3, во Велес, Штип и во Кочани по 2, додека по 1 нозаразен сограѓанин имаат во Тетово, Кавадарци, Гостивар и во Неготино.

Од регистерот на Мој термин се регистрирани 3 смртни случаи. Двајцата од починатите се од Скопје, додека третата жртва на пандемијата е од Охрид. Лицата за починати се регистрирани во период од 08.05. до 28.05.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.056.061 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.022, бројот на оздравени пациенти е 302.202, на починати е 9.306, а бројот на активни случаи изнесува 514.

Share This Article