Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.
Очекувано, најмногу новозаразени има во Скопје, вкупно 54, следува Охрид со 9, во Битола се детектирани 8, во Прилеп и во Берово по 3, во Велес, Штип и во Кочани по 2, додека по 1 нозаразен сограѓанин имаат во Тетово, Кавадарци, Гостивар и во Неготино.
Од регистерот на Мој термин се регистрирани 3 смртни случаи. Двајцата од починатите се од Скопје, додека третата жртва на пандемијата е од Охрид. Лицата за починати се регистрирани во период од 08.05. до 28.05.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.056.061 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.022, бројот на оздравени пациенти е 302.202, на починати е 9.306, а бројот на активни случаи изнесува 514.