Министерството за здравство информираше дека во земјава се регистрирани 600 новозаболени лица со ковид-19, десет лица ја загубија битката со вирусот, а пак 743 пациенти се водат како оздравени.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.317 тестови, а регистрирани се нови 600 случаи на ковид-19 во Скопје – 229, Охрид – 46, Битола – 38, Куманово – 35, Прилеп – 30, Тетово – 26, Велес – 25, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Гостивар – 19, Штип – 17, Радовиш – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Струга, Крива Паланка, Делчево, Берово и Дебар – по 5, Богданци и Кратово – по 4, Ресен, Крушево и Пехчево – по 3, Кичево, Виница и Пробиштип – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (600), регистрирани се 134 реинфекции.
Регистрирани сe 743 оздравени пациенти од: Скопје – 284, Битола – 56, Кавадарци – 36, Охрид – 33, Куманово – 32, Прилеп – 30, Гостивар – 29, Тетово – 26, Велес и Струга – по 23, Штип – 22, Струмица – 20, Радовиш – 16, Неготино – 15, Свети Николе – 14, Кочани и Кичево – по 12, Крива Паланка – 9, Берово – 8, Делчево – 7, Ресен – 6, Гевгелија, Богданци и Кратово – по 5, Виница и Демир Хисар – по 3, Дебар, Крушево и Демир Капија – по 2, Пехчево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 6 починати лица од: по две починати лица од Скопје (66 и 75) и Охрид (83 и 83) и по едно починато лице од Ресен (72) и Радовиш (72). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од: Кочани (85), Струга (69), Куманово (72) и Кичево (62). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.07 – 08.08.2022 година.
Направени се 1.317 теста преку: ИЈЗ-146, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-35, ЦЈЗ Прилеп-17, ЦЈЗ Тетово-30, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–142, Жан Митрев (Филип Втори)-8, Авицена-55, Биотек-35, Систина-32, лабораторија Лаор-8, Синлаб-4, Ремедика-5, Плодност-5, Генеа-8, Никоб Лаб-25, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 585.
Досега во земјата се направени вкупно 2.133.045 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.948, бројот на оздравени пациенти е 320.449, на починати е 9.410, а бројот на активни случаи изнесува 4.089.