Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи на ковид-19: Скопје – 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гостивар ,Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Тетово Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции.
„Регистрирани сe 252 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Битола – 34, Прилеп – 17, Кавадарци – 15, Куманово и Велес – по 7, Кичево и Дебар – по 5, Делчево , Кочани и Неготино – по 4, Тетово – 3, Ресен , Струмица ,Штип и Крива Паланка – по 2, Гевгелија и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани нови починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.972.271 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.550“, се вели во соопштението.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)