Регистрирани се 214 новозаболени, починати се 8 лица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 2.133 тестови, а регистрирани се 214 нови случаи на ковид-19 во Република Македонија.:

Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се и 33 реинфекциии.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е дека 5 лица починале. По две починати лица од Скопје (83 и 79) и Битола (78 и 68) и едно починато лице од Кочани (76). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој ермин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје, Куманово и Тетово, на возраст од 59 до 69 години. Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети.

Share This Article