Регионот бара компензација поради драстичните разлики во цената, во ЕУ – штама

Lorita
By Lorita 10 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сè уште нема официјален одговор која е причината што од втората половина на јуни па сѐ до 23 септември годинава имаше голема разлика на цената на електричната енергија во земјите од Западна Европа и во југоисточниот регион на континентот. Европската енергетска заедница вети дека ќе го разгледа и испита тврдењето на земјите од регионот дека во овој период цената на струјата во регионот е 2 до 3 пати повисока од онаа во Франција и во другите европски земји. Земјите во регионот побараа и компензација на трошоците од Европската комисија која најави дека ќе го разгледа проблемот и ќе одговори на барањата.

Стручната енергетска јавност оцени дека причина за проблемот е „задушувањето“ на европскиот преносен систем поради исклучување на дел од производните капацитети на Украина која од извозник станала увозник на струја.

Од Регулаторната комисија за енергетика која заедно со Министерството за енергетика и рударство алармираа за проблемот, велат дека очекуваат Европската енергетска заедница официјално да ги дефинира и соопшти вистинските причини за појавата која трае 4 месеци.

– Го чекаме одговорот и ќе ја известиме јавноста. Како регулаторно тело не сакаме да нагаѓаме дали за тоа причина било таканареченото задушување на системот, високите температури или друго. Ако било причина задушувањето на системот за пренос не би траело толку долго. Но и да е така, ќе треба да знаеме за да иницираме мерки за нови инвестиции во прекуграничниот пренос во регионот. Не верувам дека причина било топлото време бидејќи земјите во регионот имаат големи инвестиции во обновливи извори на енергија. Топло време сме имале и порано, а против ова е и податокот дека разликата во цените беше висока до пред два-три дена. Дури овие два дена може да се рече дека состојбата се стабилизира. Затоа го очекуваме официјалниот одговор на Енергетската заедница – вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Тој потсетува дека во септември просечната цена во Франција беше 68 евра за мегават час, во Белгија 76 евра, а во Словенија 121 евро, а на берзата ХУПЕКС 138 евра што укажува на фактот дека регионот има 2 до 3 пати повисока цена.

Бислимоски најавува дека прашањето повторно ќе биде разгледано на Бордот на регулатори на Европската енергетска заедница во кое учествуваат регулаторите од регионот.

– Во вторник имаме состанок и ќе поразговараме за прашањето. Веројатно ќе добиеме и некои објаснувања до каде е истрагата и анализата што ја прави Европската енергетска заедница, па ќе имаме некакви одговори за причините на појавата – вели тој.

За разлика од него, професорот Константин Димитров вели дека причина за ваквата појава е тоа што во тој период се случило „задушување“ во преносниот систем на западна Европа од каде се обезбедува струја за Украина која се соочи со голем проблем со производните капацитети на струја.

– Веќе и писмено кажавме дека задушување на системот односно немање можност да се пренесе струја од западна Европа кон регионот и кон Украина каде што се зголемија потребите по исклучувањето на енергетските капацитети во Украина поради бомбардирањето и увозот наместо извоз од оваа земја. Дополнителната потреба на увоз од оваа земја придонесе да се преоптоварат преносните системи и да се создаде таканареченото „задушување“ односно преносните врски меѓу регионите не биле во состојба да ја преземат енергијата од Франција односно од западниот дел на Европа. Сето тоа не можеше да се избалансира и придонесе за скок на цените во југоисточниот регион на Европа во однос на западниот регион. Разликата беше драматична и, нормално, ја погоди и Македонија – вели Димитров.

- Advertisement -
Ad image

Според него, ова „задушување“ на преносниот систем во Европа, како и испадот на преносниот систем Грција-Албанија-Црна Гора, укажуваат дека мора да се инвестира во преносните системи во регионот.

– Овие испади уште еднаш јасно покажуваат дека мора да се размислува и решава глобално и да се градат „сообраќајниците“ за пренос на енергијата. Во оваа насока, во земјава во фаза на градба треба да е високонапонскиот систем за поврзување со Албанија. Треба да се инвестира во сопствено производство на енергија кое ќе ги задоволува потребите на земјата со што и цената на струјата би била далеку пониска и помалку зависна од флуктуациите на берзата. Цената на електричната енергија зависи од способноста да се произведе доволно количество енергија за потребите на потрошувачите и трошоците за тоа производство. Ако побарувачката за енергија е поголема во однос на производството, енергијата мора да се купи на пазар (берза) каде што цената се менува секој час и е повисока бидејќи се плаќа и преносот. Тоа значи дека сопственото производство може да придонесе да имаме на располагање енергија со пониска цена во однос на таа што мораме да ја купиме на пазар од домашно производство (приватни производители на струја) или од странство/увоз – вели Димитров.

Токму, затоа загрижува фактот што земјава е свртена кон увоз на струја бидејќи домашните капацитети не можат да ги обезбедат потребните количини. Изминатиов период ЕСМ на неколку пати купи електрична енергија и тоа по цени кои достигнаа и до 150 евра.

- Advertisement -
Ad image

Драстичната разлика на цените на струјата во западна и во Југоисточна Европа која се случува 4 месеци предизвика силни реакции во земјите од регионот во при крајот на август и во почетокот на септември. Највисоки разлики се случија во Албанија и во Романија, а не беа одминати ниту Македонија, Грција, Србија и Словенија.

Романија, Бугарија и Грција побараа од Советот на ЕУ исплата на компензација поради „многу повисоките цени“ на електричната енергијата во регионот на Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа.

Според романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуја, цените на струјата во регионот веќе неколку месеци се значително повисоки отколку во Западна Европа, што се должи на неколку фактори, меѓу кои и сушната година, намаленото производство на електрична енергија од хидроцентралите и проблемите со интерконекцијата.

– Обезбедуваме и значајна поддршка за Молдавија и за Украина, што прави дополнителен притисок врз цените на енергијата во Романија. Тоа не може да продолжи бесконечно – изјави Бурдуја.

Тој потенцира дека ако Романија е дел од единствен европски енергетски пазар, не може едноставно да толерира цени кои се два или три пати повисоки отколку оние во остатокот од Европа.

– Ако сакаме исти правила, мора да уживаме и исти придобивки. Во спротивно, некои ќе ги добијат сите придобивки, додека други ќе останат да ги покриваат трошоците. Затоа ќе го иницирам прашањето пред Советот на министри на ЕУ – додаде Бурдуја.

Грчкиот министер за енергетика Теодорос оцени дека единствениот пазар на електрична енергија на ЕУ не функционира во југоисточна Европа.

– Ќе работиме со Романија и со Бугарија за да се најде трајно решение за зголемените цени на електричната енергија во регионот – изјави Скилакакис.

Тој најави дека заедно со неговите колеги од Бугарија и од Романија ќе создадат „траен механизам за интервенција секогаш кога ќе се забележат екстремни цени поради отсекувањето на југоисточна Европа од остатокот од европскиот енергетски пазар“.

Грција и официјално испрати писмо до Европската комисија во кое укажува на проблемот.

И македонските Регулаторната комисија за енергетика и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопштија дека ја информирале Европската енергетска заедница (ЕЕЗ) дека во дел од земјите на Југоисточна Европа се регистрираат „нетипично високи цени на пазарот на електрична енергија“.

Во официјално писмо упатено до директорот на ЕЕЗ, Артур Лорковски двете македонски институции бараат да се мобилизира екипа која ќе направи детална анализа и ќе ги скенира причините поради кои постои голема нерамнотежа на цената на струјата од земја до земја.

Во овој период просечните цени на пазарите ден однапред во јули 2024 година се движеа од околу 159 евра за мегават час во Албанија, а во Франција беа околу 46 евра за мегават час.

Деновиве има осетно стабилизирање на цените.

Share This Article