Регионалниот центар за управување со кризи информира дека едно лице исчезнало во водите на Дојранско Езеро.
„Настанот се случил кога лицето било качено на педалинка што најверојатно се превртела, а човекот не знаел да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – до 1м длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР „Тигри“ за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија“, соопштија од ЦУК.