More

    Регионалната соработка, предуслов за одржлив раст

    spot_img

    Копаоник бизнис форум годинава се одржува од 6 до 9 март под слоганот – „Србија 2030: Агенда за одржлив развој“, поаѓајќи од фактот дека Србија учествуваше во изготвувањето на Агендата за 2030 година, која беше усвоена во Собранието на ОН, и дека заедно со другите земји потписнички се обврза да ги исполни дефинираните цели. На Копаоник бизнис форум, во четири последователни дена ќе се реализираат 33 панели, со 200 панелисти, а предвидени се 8 пленарни говори на кој ќе се дебатира за тековни и стратешки теми од значење за економскиот развој на Западен Балкан.

    Иако бројот на учесници оваа година е намален поради почитување на сите епидемиолошки мерки, балканскиот Давос, на едно место собира многу интересни панелисти кои ќе се обидат да дадат одговори на најважните економски и социјални предизвици со кои се соочува економијата и бизнисот на патот кон одржлив развој. Покрај макроекономските анализи и прогнозите за 2022 година за регионот на Западен Балкан, Форумот ќе се фокусира и на панели посветени на анализата на јавниот здравствен сектор и влијанието на ковид-19 врз одржливото финансирање на здравјето во Србија.

    Како продолжение на претходните Форуми, оваа година ќе се занимаваме со „борбата за таленти“, четвртата индустриска револуција и предизвиците на дигиталната трансформација, геополитичките прашања за Западен Балкан, важноста на регионалната соработка за одржлив раст и развој, енергијата и зелена транзиција, земјоделска одржливост, земјоделство, но и на пост-визијата на новата нормалност.

    На панелот со наслов „Регионалната соработка како предуслов за одржлив раст“ на форумот ќе учествува и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора и ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум, заедно со престедателите на Коморите од регионот на Западен Балкан. Важноста на регионалниот економски развој ќе биде тема и на повеќе други панел дискусии на кои ќе се говори и за прогнозите за економските трендови за Западен Балкан во услови на се`уште актуелна светска криза предизвикана од корона вирусот но и ефектите од енергетската и финансиската криза кои следуваа, како и најновите случувања во Украина.

    Во рамки на регионалниот економски развој Коморскиот инвестициски форум се повеќе ја зацврстува клучната улога во овој процес, насочувајќи ги активностите кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот, поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји, подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, што прегу воспоставување заеднички регионален пазар ќе значи намалување на трошоците, поедноставување на преку граничниот бизнис во сите аспекти, но и заедничко освојување на пазарот во трети земји.

    Копаоник бизнис форум е организиран од Алијансата на економисти на Србија под директно водство на претседателот на српското здружение на економисти Александар Влаховиќ, во партнерство со Мастеркард. Претставува интерактивна платформа за размена на мислења и искуства, како и место за средби и деловно вмрежување на компании од регионот на Западен Балкан, реномирани експерти и еминентни имиња на домашната и регионалната економска и политичка сцена.

    Организацијата, големината и обемот и на овогодинешниот настан, распоредот и структурата на панелите (вкупно 33 планирани за 4 дена), ќе бидат прилагодени на преовладувачката епидемиолошка состојба со целосно почитување на најстрогите мерки на здравје и безбедност, за да се обезбеди максимална безбедност на гостите, учесниците и организаторите во согласност со актуелната епидемиолошка состојба, што е висок приоритет на Здружението на економисти на Србија и цели да го оправда угледот на најважниот и најважниот регионален собир на деловната, економската и политичката елита.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img