Референдумската дилема ќе се решава до грејната сезона

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Потрагата по формулацијата на референдумското прашања во врска со одбивањето на преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија би можела да потрае до септември, но и да се одолжи до почетокот на грејната сезона. Ова за Плусинфо беше потврдено од неколку извори блиски до опозицијата.

Еден од изворите открива дека е премногу рано да се говори за контурите на референдумското прашање, а засега тече консултацијата на опозициските партии со експертите. Дури од септември ќе почне вистинската работа за подготовките околу референдумот, а неизвесно е дали и тогаш ќе биде формулирано прашањето.

Според тоа што го дознаваме од опозициските кругови, во моментов главна дилема претставува како да се формулира прашањето, за во исто време да се задржи проевропската агенда на Македонија, но и да се одбие т.н. француски предлог, кој влезе во преговарачката рамка со ЕУ.

Владата ќе се обиде да го избегне референдумот

Од друг извор откриваат дека формулацијата на референдумското прашање ќе се бара меѓу насоките што Собранието ѝ ги даде на Владата, меѓу кои и препораката да ја прифати преговарачката рамка со ЕУ. Нашиот извор открива тука ќе се води и правната битка на релација власт – опозиција.

Се шпекулира да Владата ќе се обиде да избегне одржување на референдум, со образложение дека Собранието не е надлежно за преговарачката рамка со ЕУ. На ова опозицијата ќе возврати со аргументот дека Собранието, од кое претходно беше побарано мислење, веќе се изјаснило за рамката и не би смеело да му се искрати можноста да се изјасни за свикување референдум.

И вториот извор претпоставува дека нема набрзо да биде изнесена формулацијата на прашањето во јавноста, бидејќи е потребно уште време за консултации и разговори со експерти.

Засега може да се претпостави дека иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на референдум, покрај од коалициските партии од опозицијата, ќе добие поддршка и од Левица.

Пендаровски за залета, па ретерира

За време на викендот претседателот Стево Пендаровски го смени ставот околу референдумот, откако прво го формулираше и можното референдумско прашање, за потоа да каже дека нема никакво разбирање за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски сака преку организирањето на референдумот да го мобилизира партиското членство.

„Стево Пендаровски имаше можност да биде претседател кој ќе биде заштитник на македонските интереси, доколку останеше цврст на ставот за референдум, но тој се премисли очигледно под притисок на владата.  Пендаровски беше дециден во поддршката, за по неколку дена да ретерира и да зборува спротивно од тоа што еднаш веќе го изјавил. Толку ли е голем притисокот врз Пендаровски, па мораше да го менува својот став, а со тоа и да ја понижи институцијата претседател“, се вели во реакцијата испратена од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -
Ad image

Дали сте за клавање кафе со можност после тоа да клајме уште кафиња?

Отсуството на вистинска дебата меѓу чинителите на политичките партии во Македонија доведе до тоа расправата за референдумот и за референдумското прашање да се води на социјалните мрежи, често и со шеговити коментари.

Еден од најпознатите инфлуенсери од Македонија, Божидар Божиновски, ја препорачува следната формулација: „Дали сте за клавање кафе со можност после тоа да клајме уште кафиња?“

Далеку поконструктивен е Александар Левевески, чија формулаци а би можела навистина да биде земена предвид при формулирањето на референдумското прашање. Неговиот предлог гласи вака: „ Дали се согласувате процесот на ЕУ интеграциите да се одвива под условите содржани во францускиот предлог?”
Share This Article