Редовна 16-та седница на Владата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 22.2.2022 (вторник) ќе ја одржи редовната 16-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува Информацијата за организирање на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог, како и Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и за потребните мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија во Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

Двете информации се предложени од Министерството за надворешни работи.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања, пред министрите за разгледување ќе се најде и Информација за одржаниот седумнаесетти состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионална политика, во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, одржан на 18 март 2021 година.

За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 12:15 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Share This Article