More

    Речиси сигурно САД влегуваат во рецесија

    spot_img

    Поранешниот главен економист на Меѓународен монетарен фонд Кен Рогоф изјави дека речиси е невозможно американските Федерални резерви (ФЕД) да ја намалат инфлацијата без да ја втурната американската економија во рецесија.

    – ФЕД мора брзо да одлучат, или брзо ќе ја намалат инфлацијата или ќе нè турнат во рецесија. Мислам дека тие само кажуваат дека ќе ја намалат инфлацијата – истакна Рогоф.

    Тој истакна дека е лут поради тоа што се случува со економијата.

    – Мислам дека ова не мораше да се случи. Предолго ја притискаме педалата за гас – наведе професорот по економија на Универзитетот Харвард.

    Рогоф, исто така, ги посочи проблемите во синџирите на снабдување и војната во Украина како дополнителни причини за инфлациската криза, што според него е поголем предизвик отколку што мислеше ФЕД.

    – Мислам дека треба да се движиме бавно, да оставиме инфлацијата да остане висока неколку години и да го решаваме проблемот побавно. Нема лесен излез од ова – потенцира Рогоф.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img