Речиси девет од десет Грци, односно 88% изразуваат загриженост за зголемувањето на цените, а најголема загриженост за 50% од анкетираните, создаваат цените на храната, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
За темата што е актуелна во Грција, односно за предлог-законот за истополовите бракови што Владата во некој момент ќе го донесе во Парламентот, мислењето на испитаниците е поделено, 45% се позитивни, а 46% негативни, додека пак за можноста законски да бидат признаени децата на истополовите парови, 56% имаат негативен став.
Во однос на спортското насилство, 43% од анкетираните сметаат дека владините мерки се во правилна насока, но се потребни одредени промени, а 34% одговориле дека се во погрешна насока.
На политичката сцена, Нова демократија е прва со 31,5%, ПАСОК е на втората позиција со 13%, СИРИЗА трета со 12%.
Истражување на агенцијата „Pulse“ за телевизијата „Скај“, било спроведено од 18 до 20 декември со анкетриани 1.107 лица со право на глас.