Речиси 750.000 евра биле потрошени во периодот 2019-2021 година за ангажман на надворешни лица, со договор за дело, сугерира новиот извештај на Државниот завод за ревизија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Речиси 750.000 евра биле потрошени во периодот 2019-2021 година за ангажман на надворешни лица, со договор за дело, сугерира новиот извештај на Државниот завод за ревизија(ДЗР), пишува агенцијата Мета. Но, од 16 работни места биле само осум, што според извештајот, зборува за дека работните места не соодветствуват со надлежностите, дека има неусогласеност со актите и неправилности во работењето.

Од склучените 364 проекти за трите години ФИТР реализирал само 93, а во тек се 258 проекти. Забележено е дека и при доделувањето на средствата не бил определуван рок за склучување на договорите. Истовремено, корисниците не доставувале навреме извештаи за сработеното.

ФИТР исто така извршувал активности кои не се дефинирано во Законот за иновациска дејност, ниту се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година. Статутот на ФИТР исто така не бил ажуриран согласно измените на законската регулатива.

„Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари“, се вели во извештајот на ревизорите.

„Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период“, пишуваат ревизорите.

Освен тоа, според извештајот, ФИТР ангажирал и стручни лица за евалуација и давање стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои биле исплатени околу 260.000 евра.

Извештајот открива дека стручните лица не биле избирани по систем на ротација, не биле категоризирани во Регистарот и не била формирана стручна Комисија за да го оцени нивното работење.

Share This Article