More

    Речиси 42.000 луѓе загинаа во земјотресот, спасувачите продолжуваат со потрагата

    spot_img

    Речиси 42.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија пред 11 дена, а надежта за преживеани има се помалку, иако турските спасувачи ја продолжуваат потрагата.

    Жена и две деца вчера беа спасени од урнатините на стан во централниот дел на Антакија во провинцијата Хатај, дури 228 часа по разорниот земјотрес.

    Спасувачите од целиот свет полека ги напуштаат погодените подрачја, вклучително и српските, кои по осум дена ги завршија спасувачките активности и утре се враќаат во земјава, јавува РТС.

    Според Ројтерс, повеќе од 4.300 последователни потреси ја погодиле зоната на катастрофата од првичниот земјотрес.

    Земјотресот погоди 13 милиони луѓе, вклучувајќи околу седум милиони деца.

    Зградите се уриваат, а остатоците се расчистуваат во десет турски провинции заедно со спасувачките напори.

    Турскиот министер за животна средина и урбанизација Мурат Курум изјави дека досега е утврдено дека треба итно да се урнат 50.576 објекти.

    Светската здравствена организација соопшти дека ситуацијата е особено тешка во северозападна Сирија, каде здравствениот систем е на удар поради граѓанската војна.

    Претставници на СЗО побараа од сирискиот претседател Башар ал Асад да дозволи отворање на повеќе гранични премини со Турција и на тој начин да ја олесни испораката на помош во областа на северот на Сирија, тешко погодена од земјотресот.

    Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг е во Анкара, а за последиците од земјотресот ќе разговара со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img