Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 28.933 нови случаи на ковид-19, што доколку се направи анализа на секојдневните податоци, е највисок број на новозаразени на дневно ниво во изминатите речиси 80 дена, јави дописничката на МИА од Атина.
За разлика од вчерашните 27.490 случаи од 113.940 направени тестови, денеска има речиси четири пати повеќе тестирања, односно новозаразените се од 434.502 тестови.
Во изминатите 24 часа починаа 49 лица, а 351 пациент (девет повеќе од вчера) е приклучен на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 2.986.880 случаи на ковид-19 и починаа вкупно 27.392 лица.