Ребалансот на буџетот е во фаза на подготовка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ребалансот е во фаза на подготовка. Направени се калкулациите на расходната страна и сега се прават на приходната страна, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, според кого ребалансот на Буџетот ќе биде поднесен во Собранието најверојатно до крајот на тековниов месец.

– Во моментов се направени калкулациите на расходната страна, се прават на приходната страна и после тоа ќе може да биде поднесен ребалансот во Собранието – рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на германската компанија „ Маркарт“.
За мисијата на Меѓународниот моментарен фонд во земјава, Ковачевски рече дека се работи за редовна мисија.

– Тие ги гледаат перформансите на економијата, меѓутоа и подготовката на самиот ребаланс, исто како и минатата година. Министерот за финансии Фатмир Бесими ги има завршено разговорите со нив – рече Ковачевски.

Share This Article