Фудбалерите на Реал Мадрид оваа сезона ги промашија сите четири досудени пенали во нивна полза, а тренерот на мадридскиот тим Карло Анчелоти нема објаснување за тоа и испробува повеќе играчи.
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ промаши пенал во 45. минута од натпреварот од Лигата на шампионите со Унион Берлин во вторникот, но сепак „кралскиот клуб“ се врати во Мадрид со победа од 3:2.
Навистина е многу тешко да се каже зошто промашуваме пенали“, изјави Анчелоти на прес-конференција. „Лука обично е кул и секој пат ги заковува. Тоа не е нешто што е лесно да се практикува бидејќи атмосферата е студена за време на тренинзите“, додаде тој.
Бразилскиот напаѓач Винисиус Јуниор промаши слободен удар за време на летното загревање против Барселона, а потоа другите двајца напаѓачи промашија во текот на првенството, Родриго против Селта и Хоселу против Осасуна.
„Се обидуваме со Белингем, Родриго, Винисиус, Хоселу… Не знам што да кажам, се надевам дека ќе се промени“, изјави Анчелоти.
Модриќ кој изведува пенали за хрватската репрезентација го одигра целиот натпревар во Берлин. Реал Мадрид со сите шест победи во групата се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, а во шпанското првенство е на второто место зад Жирона.
Минатата сезона пенали изведе напаѓачот Карим Бензема, но откако тој го напушти клубот се отвори прашањето за нов изведувач.