И покрај грдото минато кое е зад нив, Крис Браун не се срами да го коментира животот на Ријана.
Убавата пејачка Ријана долго време не застана на јавната сцена, а кога тоа го направи на Супербол, ја сподели и прекрасната вест за нејзината втора бременост која го обиколи светот.
Интернет е преплавен од реакциите по настапот на Ријана, каде ги пееше познатите хитови додека ги покажуваше своите легендарни танцови движења и својот труднички стомак.
Среде нејзиното епско враќање на сцена, на фановите не им требаше многу време за да шпекулираат за тоа што Крис Браун мисли за нејзината нова бременост, со оглед на нивната бурна историја.
Светските медиуми и портали се преплавени со коментари од нејзините фанови, а тоа што ги изненадило сите е тоа што по тој повод се огласил и нејзиниот некогашен партнер – Крис Браун.
Откако Крис брутално ја претепа Ријана поминаа 14 години. Без оглед на тоа тој и натаму испраќа пораки на овој или на оној начин, пренесуваат медиумите.
Овојпат поради тоа што тој увидел дека Ријана по вторпат ќе стане мајка, а и за самиот настап на Супербол, Браун на Инстаграм ги објавил зборовите:
„Само напред девојко“.
Ова негова кратка објава, ги изнервира обожавателите на Ријана.
Ова не е првпат Крис да ја покаже својата наклонетост кон поранешната девојка со која имаше романса од 2007 до 2009 година и краткотрајно повторно во 2012 година.
Нивната љубов заврши така што тој ја претепа по што таа својата среќа ја најде покрај АСАП Роки со кој во мај 2022 година го доби првото дете.
ФОТО: Инстаграм