Италијанската премиерка Џорџа Мелони реагираше со резервираност при поздравот со францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на Г7.
За разлика од присните и срдечни поздрави кои Мелони вообичаено ги демонстрира кога е со другите светски лидери, со Макрон е на дистанца. Кога францускиот претседател и пријде и учтиво и бакна рака, Мелони имаше необична реакција која не остана незабележана во јавноста. Макрон ѝ пријде на Мелони, ја поздрави и ѝ ја бакна раката, на што таа „кисело“ се насмевна, а потоа додека францускиот претседател се оддалечуваш, преврте со очите.
Тензиите меѓу двајцата државници ескалираа кога Италија побара да се отстранат референците за „безбеден и легален абортус“ од последната изјава на овонеделниот самит на Г7 – нешто со што Франција не се согласува.
Макрон подоцна рече дека „жалосно што зборот абортус недостасува во конечната декларација на Г7“.
Несогласувања меѓу Мелони и Макрон беше видливо и на видеото од нивното ракување кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи и тема за дискусија во јавноста.
Сеирџиите на социјалните мрежи веднаш направија споредба на прегратката на Џорџа Мелони со британскиот премиер Риши Сунак и „вртењето на очите“ зад грбот на Макрон.