Наместо за целни мерки за развој, СДС троши милиони на поткуп, од кој народот нема да види никаков ќар, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Санела Шкриељ од СДСМ.
„Поткупот за избори од СДС преку таканаречени мерки за пензионерите, младите, студентите не ги решаваат нивните проблеми. Пензионерите имаат потреба од трајно зголемување на пензиите, како што тоа го предвидува ВМРО-ДПМНЕ, а не по 1.000 или 2.000 за поткуп. Студентите имаат потреба од достојни услови за живот, а не од некој денар повеќе за месец два. Со СДС над половина милион луѓе живеат во сиромаштија. Народот едвај преживува и потребен е сериозен развој, а не фрлање милиони за поткуп“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.