More

    Размислува да земе оружје за да се бори против Русија

    spot_img

    Актерот  и режисер Шон Пен уште еднаш ја изрази својата поддршка за Украина и изјави дека размислува да земе оружје и да оди да се бори против Русија.

    „Ако сте биле во Украина додека трае конфликтот, сигурно оваа идеја ви паднала напамет. Се прашувате каков е овој век. Размислувам да земам оружје и да се борам со Русија. Што по ѓаволите се случува?“, изјавил Пен за списанието „Hollywood Authentic“.

     

    „Единствената можна причина поради која би останал во Украина подолго од минатиот пат е да држам пушка. Веројатно не би носел панцир затоа што сакам да му го дадам на еден од војниците“, додал актерот, кој претходно изјави дека мислел дека Владимир Путин ја направил најстрашната грешка, која ќе ја плати целото човештво.

    Актерот во февруари, на почетокот на руската инвазија, отпатува за Украина за да сними документарен филм за ужасните злосторства што се случуваат таму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img