Различни реакции по мировниот состанок во Џеда

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Ukrainian President Volodymyr Zelenskiy attends a service commemorating victims of World War II at the Saint Peter and Paul Cathedral with Polish President Andrzej Duda, amid Russia's attack on Ukraine, in Lutsk, Ukraine July 9, 2023. REUTERS/Alina Smutko/File Photo

Во Џеда, вчера завршија разговорите за војната во Украина. Учесниците на мировните преговори се согласија за важноста од продолжување на консултациите за да се отвори патот за мир, се вели во последната изјава објавена од Саудиска Арабија.

Висок украински функционер претходно изјави дека разговорите во Саудиска Арабија за напорите да се придвижи кон мирно решавање на војната со Русија биле продуктивни, но Москва го нарече состанокот неуспешен обид глобалниот југ да се приклони на Киев.

На разговорите во Џеда, кои требаше да завршат без писмена изјава, учествуваа повеќе од 40 земји, меѓу кои Кина, Индија, САД и бројни европски земји без Русија која беше изоставена иако е директен учесник во конфликтот.Украина и нејзините сојузници појаснија дека преговорите во Џеда се обид да се гарантира широка меѓународна поддршка за клучните принципи за мирен крај на војната. Тоа би значело повлекување на сите руски трупи од Украина и враќање на целата украинска територија под контрола на Киев.

Претседателот Володимир Зеленски истакна дека сака глобалниот самит врз основа на споменатите принципи да се одржи подоцна во текот на годината. Сепак, осумнаесет месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, сите изгледи за директни мировни преговори меѓу Киев и Москва изгледаат далечни, пренесува Ројтерс.

Руските државни медиуми во неделата ја пренесоа изјавата на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој рече дека состанокот ги „одразува напорите на Западот да продолжи со залудни напори, осудени на пропаст“, насочени кон мобилизирање на глобалниот југ да застане  на страната на украинското раководство.

Share This Article