More

    Ражнатовиќ може да заврши во затвор

    spot_img

    Судскиот спор меѓу Цеца Ражнатовиќ и Александар Милиќ Мили има многу поголема длабочина отколку што изгледаше, па сега повторно во сè е вмешана Јелена Карлеуша, но и Александар Радуловиќ Фута (сопругот на покојната Марина Туцаковиќ), кој е одговорен за згаснувањето на јутјуб-каналот на Јелена Карлеуша.

    Цеца и Мили се судат околу правата на фонограмите на нејзините албуми, а откако адвокатот на композиторот Милан Јакшиќ се огласи дека спорот не е завршен, целата ситуација ја објасни уште еден човек од компанијата „Конект нетворк“ (Connect Network) која се занимава со заштита на авторските права.

    Семејството на покојниот Добривој Доца Иванковиќ, кој пишуваше хитови на првите неколку албуми на Цеца, го претставува најголемата издавачка куќа во овој регион, Connect network. Тие ги штитат правата на над 100 композитори (вклучувајќи го и Александар Милиќ), како и на над 90.000 авторски дела.

    – Грубо се повредени правата не само на моите клиенти, туку и на осум други автори кои ја создадоа таа кариера, како Добривој Доца Иванковиќ (четири албуми), Љиљана Јорговановиќ и многу други – рекол адвокатот Јакшиќ, додека Владимир Мариќ од „Конект нетворк“, кој го застапува семејството на покојниот Иванковиќ вели дека за непочитување на законот може кривично да се одговара.

    Владимир Мариќ објасни дека Светлана може да се соочи со кривична пријава за непочитување на законот.

    – Светлана на својот канал на Јутјуб  има снимено концерти, настапи во живо, новогодишни програми и сè што нема врска со првото снимање (фонограм) на нашите клиенти, на пример, Мили, а за такви работи ѝ е потребна авторска дозвола, која ја нема. Така таа незаконски ја прикачила содржината, ја монетизирала… Законски „интерактивно го става делото достапно“ и со тоа прави голем број прекршувања на авторските права, член 17 ЗАСП. Попатно не го заобиколија КЗ 198, 199 од КЗ, па можеше и господинот Мили да поднесе кривична пријава. Членот 199 од Кривичниот законик вели дека „тој што неовластено објавува, снима, репродуцира или на друг начин јавно соопштува авторско дело, толкување, фонограм, видеограм, програма, компјутерска програма или база на податоци неовластено ќе се казни со затвор до три години“. Во ставот 2 на овој член е наведено дека „ако делото од ставовите 1 и 2 на овој член е сторено со намера за себе или за друг да прибави материјална корист, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години – изјавил Мариќ, пишува српски „Курир“.

    Мариќ потоа се осврнал и на други факти, а ги споменал Фута и Карлеуша.

    – Авторите можат да го соборат јутјуб-каналот на Светлана затоа што сопственоста врз фонограмите не е нејзина, зборувам во име на нашите автори, но тоа е сопственост на ПГП и другите издавачки куќи, но тоа не ни беше намерата и не го радикализиравме случајот. Сепак, би било срамота доколку една од најголемите балкански ѕвезди нема свој канал на Јутјуб. Нејзиниот тим го штити и Александар Радуловиќ Фута и беа немилосрдни кон Јелена Карлеуша. За разлика од нив, последната опција за нас е дигитална опомена, народски кажано уништување на каналот. Но, секој има своја деловна политика – истакнал Мариќ за српски „Курир“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img