Малолетно лице било нападнато од двајца разбојници во стан во скопската населба Гази Баба, кои со употреба на сила го повредиле и му одзеле пари. Настанот се случил утрово околу 6:45 часот, а случајот во полиција го пријавила неговата баба, Р.А. (65), која живее како потстанар во истиот стан.
„Двајца напаѓачи влегле во станот со употреба на сила, по што физички и со метален предмет го нападнале малолетникот и одзеле одредена сума на пари“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Полицијата информира дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителите.
Засега нема повеќе информации за состојбата на малолетникот, ниту за точната сума на одземените пари.