Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола вчера ги уапсиле М.М.(37), М.А.(35), М.А.(33) и И.А.(53) од Битола, за кои порталот „Република.мк“ дознава дека се во роднински врски.
При претрес во нивниот дом, како што соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пари во различни апоени.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Битола.