Растот на бројот на заболени од мали сипаници (морбили) во Србија повторно почнува да загрижува

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Растот на бројот на заболени од мали сипаници (морбили) во Србија повторно почнува да загрижува, пишува Б92.

Само во јули во Србија се регистрирани 105 нови случаи на мали сипаници, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Од почетокот на годината, заклучно со 31 јули, мали сипаници во Србија се потврдени кај вкупно 255 лица, што значи дека бројот на новозаболени во јули е драстично зголемен и дека опасниот вирус сѐ повеќе се шири. Убедливо најмногу нови случаи има во Нови Пазар, речиси сите нови случаи. Во Нови Пазар има 92 нови случаи, додека на територијата на Белград има 9. Најголем број заболени сè уште има меѓу децата.

Плусинфо разговараше со портпаролот на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ, за опасноста од ширењето на малите сипаници во Македонија.

– Комисијата имаше состанок минатата недела. Се разговараше за неколку клучни работи, меѓу кои и за состојбата со инфективните болести кај нас во Македонија. Кај нас нема регистрирано случаи на морбили. Тоа што постојано го препорачуваме е почитување на календарот за имунизација, на возраст од 1 година и на возраст од 6 години, за да се зголеми колективнииот имунитет – објасни Мехмедовиќ.

Тој тврди дека ако се постигнат потребните 95% вакцинирани, дури и кога во околината има случаи на заболени, колективниот имунитет е доволно силен за да се постигне соодветна заштита.

– Во Босна е потешко, сега има речиси 6.000 случаи со морбили. За жал, опасноста од летален исход за невакцинираните деца не е исклучена, па затоа постојано се обидуваме да ја креваме свеста кај граѓаните околу важноста на вакцинирањето за да се заштитат децата од болестите – додаде Мехмедовиќ.

Share This Article